Skip to content

МАТЕРИЈАЛ

Кога ги произведуваме нашите текстилни канали, придаваме големо значење на квалитетот на материјалите што ги користиме. Секогаш посветуваме големо внимание на квалитетот на употребуваните материјали и секогаш користиме тканини кои се специјално прилагодени за дистрибуција на воздух. Нашите материјали имаат долг процес на развој за да се постигне колку што е можно повеќе корисна и естетска вредност. Индивидуални видови се дизајнирани така што нивните карактеристики одговараат на посебните барања на различни видови простор.

ТЕКСТИЛНИ КАНАЛИ

Текстилните канали можат да бидат со различни пресеци, различна големина и должина во рамките на реалниот технички опсег. Извршениот дизајн секогаш се заснова врз барањата на клиентите.

 

ВИСОКА ОТПОРНОСТ НА ОГАН

ашите Prihoda тканини PMI / NMI / PSI се одобрени во согласност со европскиот стандард EN 13501-1, а за време на тестирањето постигнаа одлични резултати. Тканините на Prihoda се класифицирани со ознака B-s1-d0, што укажува на одлична отпорност на оган, ниска емисија на чад и без капки растопена пластика. Тканината Glass (NME), од друга страна, е во согласност со класа А барањата. Тканините Classic и Premium (PMI/NMI/PMS) исто така се усогласени со американскиот стандард UL 723.

 

НЕЗНАЧИТЕЛЕН ОТПАД ОД ЧЕСТИЧКИ НА ВЛАКНА

Бидејќи користиме континуирани, непрекинати влакна, сите наши производи можат да се употребуваат во чисти простории до ISO Класа 4. Независни лабораториски тестови покажале дека нема паѓање на честички од влакна за време на употребата.

 

АНТИСТАТИЧКИ ЕФЕКТ

Јаглеродни влакна вткаени во нашите Premium (PMI/NMI) и Durable (NMR) тканини, елиминираат секое акумулирање на електричен полнеж на површината од тканината.

 

АНТИБАКТЕРИСКИ ЕФЕКТ

Благодарение на специјалниот третман на тканината гарантираме дека ниту една бактерија не може да преживее на нашите Premium (PMI/NMI) и Durable (NMR) тканини. Овој третман останува ефикасен дури и по повеќекратно перење. Тестовите за европските стандарди покажаа дека дури и по десет перења не е намалена ефикасноста на третманот што го спроведуваме, што ни овозможува да понудиме 10-годишна гаранција на овие производи со оглед на минималните барања за одржување (види следна точка).

 

ЛЕСНО ОДРЖУВАЊЕ

Нашите тканини произведени од континуирани влакна многу ефикасно спречуваат акумулација на нечистотии од доводниот воздух. Во нормално опкружение, воздухот се ослободува преку перфорации на дифузерот и каналите од внатре, остануваат реалтивно чисти. Не бараат дополнително одржување освен надворешно отстранување на прашина, додека перењето е неопходно само од хигиенски или естетски причини.

 

НЕПРОМЕНЛИВ ИЗГЛЕД

Благодарение на континуираната технологија на влакна, изгледот на нашите тканини не се менува со тек на времето или со повеќе перења, за разлика од материјалите со обични влакна. Нашите Premium, Classic и Recycled тканини (PMI/NMI/PMS/ NMS/PMSre/NMSre), остануваат естетски пријатни дури и по голем број циклуси на одржување.

 

КОЈ Е ВАШИОТ ИЗБОР НА БОЈА?

Повеќето од нашите материјали се достапни во опсег од 9 стандардни бои. Нестандардни бои (специјални нијанси) се исто така достапни, но нивното производство бара малку подолго време за испорака.

 

Дозволете ни да подготвиме сопствено решение за Вас