ИЗБЕРЕТЕ ТЕКСТИЛНИ КАНАЛИ ДИЗАЈНИРАНИ СПОРЕД ВАШИТЕ СПЕЦИФИЧНИ ПОТРЕБИ
ЗАБОРАВЕТЕ НА ПРОМАЈАТА
Загрижени сте поради неурамнотежената клима во просторијата или промајата која ги вознемирува вашите вработени? Барате оптимално решение за дистрибуција на воздухот во индустриски постројки, супермаркети или јавни згради? Текстилните канали се идеален избор за Вас.
Текстилните канали и дифузерите го покриваат целиот спектар на достигнувања во областа на протокот на воздух, што се користи во пракса. Со помош на нашиот софтвер ќе дизајнираме решение за вентилација за да одговара точно на Вашите потреби.
ТЕКСТИЛНИТЕ КАНАЛИ И ДИФУЗЕРИТЕ ИМААТ 3 ФУНКЦИИ:
1. ИЗЛЕЗ НА ВОЗДУХОТ ОД ТЕКСТИЛНИ КАНАЛИ
Воздухот (V) што влегува во дифузерот може да излезе на кој било од следниве начини:
A/ МИКРОПЕРФОРАЦИЈА – ласерски исечени дупки во ткаенината во големина од 200 – 400 µm
B/ ПЕРФОРАЦИЈА – ласерски исечени дупки во тканината со дијаметар поголем од 4mm
2. КАНАЛИ ЗА ПРЕНОС НА ВОЗДУХ
Канали изработени од непропустливи материјали или изолирани цевки го носат воздухот до својата дестинација, без дифузија. За Вас, можеме да дизајнираме и произведуваме вилушки, спојници и други елементи погодни за сите видови проектни ситуации.
3. ВЛЕЗ НА ВОЗДУХ ВО КАНАЛИ СО НЕГАТИВЕН ПРИТИСОК (ОДВОД)
Перфорациите се користат за одвод на воздухот.