ДЕФИНИЦИЈА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ВОЗДУХОТ ДО НАЈМАЛИ ДЕТАЛИ
Предлозите за текстилни системи за дистрибуција на воздух се базираат на истите физички принципи, како и предлозите за канали направени од било кој друг материјал. Дизајнерите ги користат истите математички релации и стапки на проток. Локалните загуби на притисок на некои делови може значително да се разликуваат од каналите направени од тврди материјали. Одредување на нивните спецификации е одговорност на производителот. Единствена голема
разлика е во предлозите и потребата да се спречат области со негативен притисок и корекција на можниот нерамномерен проток од вентилаторот. Тоа не е голем проблем во цврст канал, но кога станува збор за тканина, може да се појават вибрации. Софтверот Air Tailor определува ризични места во сите дистрибутивни линии, иако проценката на одредени посебни влијаниа зависат од искуството на корисникот. Техничарот на компанијата Příhoda, s.r.o., го проверува секој систем поединечно пред да го одобри за производство.
600+
корисници на софтвер Air Tailor
70 000+
завршени нарачки
500+
CFD симулации
СОФТВЕР AIR TAILOR
Погледнете како изгледа процесот на дизајнирање со помош на нашиот софтвер Air Tailor.
CFD СИМУЛАЦИИ
Симулациите на CFD даваат реална слика за температурата и брзината на дистрибуција на воздухот во просторот.
КАЛКУЛАТОР НА БРЗИНА
Апликацијата се користи за основни пресметки за брзината во каналот врз основа на поставениот проток на воздух и пресек. Исто така ќе ви овозможи информации за индикативни опсези на проток на воздух врз основа на поставениот пре притисок. Превземете ја на вашиот мобилен телефон.
REVIT PLUG IN ЗА REVIT
Моделот Maker plug in од компанијата Прихода, на корисниците на Revita им го олеснува дизајнирањето на текстилните канали.