Skip to content

ЗА НАС

Ние сме компанија со средна големина која се занимава со производство на текстилни канали и дифузери. Седиштето на нашата компанија се наоѓа во мал град Хлинско, во Чешка, каде што текстилната индустрија има повеќегодишна традиција. Од таму ги извезуваме нашите производи на сите континенти и во повеќе од 70 земји. Ние сме меѓу најголемите производители на платнени канали во светот. Компанијата Приходи, основана во 1994 година, сè уште е во сопственост на основачот Zdeněka Příhode, кој управува со неа.

Нашата филијала за подрачјето на Хрватска, Македонија и Албанија се наоѓа во градот Загреб и ја претставува целата програма на Прихода за текстилни канали и дифузери.

1

центар за дизајн и развој на компанијата

3

производни погони

200+

вработени

ИСТОРИЈА

Со текот на годините, нашите производи, како и нашата компанија, поминаа низ фундиментален развојен процес. Од првите три машини и две шивачки во изнајмена работилница, до компанија со повеќе од 200 вработени кои работат на десетици современи машини за шиење распоредени во шест оперативни згради. Ласерски машини за создавање перфорации и микроперфорации, а од неодамна и ултразвучни машини за чисто спојување на тканината, станаа технолошка потреба. И двете машини претставуваат специјално развиени алатки за една специјализирана намена. Во 2017 година отворивме подружници во Кина и Мексико. Овие компании ќе ни обезбедат потребни производствени капацитети и услови за понатамошно проширување на пазарите во Азија и Америка.

ФИЛОЗОФИЈА

Како симбол на нашата компанија, избравме пеперутка. Тоа го направивме од две причини. Првата причина е нашата компанија да се разликува од производителите на традиционалните лимени канали. Тие се сиви и тешки, додека нашите производи се лесни и разнобојни. Леснотија на движење на пеперутките одговара на леснотијата на транспорт и монтажа на нашите производи. Пеперутката е исто така соодветен симбол за нашиот пристап кон животната средина, кој, помеѓу друго, се рефлектира во употребата на тканината, направена од 100% рециклирани влакна.

Успехот на нашата компанија е заедничка работа на сите наши вработени. Нашиот тим на мотивирани луѓе со своето креативно размислување придонесуваат во постојано подобрување на нашите производи и услуги. Со текот на годините успеавме совршено да ги усогласиме сите наши активности и работни навики, делумно и благодарение на минималната флуктуација на нашите вработени. Одржување на добар и позитивен став е една од тие навики.

Организираме редовни заеднички состаноци и сите дистрибутери се во близок контакт, бидејќи ние сме „семејство Prihoda“.

КАРАКТЕРИСТИКИ

СИГУРНОСТ – Испорака на првокласен квалитет во договорени рокови.

 

СПОСОБНОСТ ЗА ИНОВАЦИИ – Решавање на посебни барања на корисниците и зголемување на можностите на нашите текстилни дифузери.

 

ОДГОВОРНОСТ – Превземање целосна одговорност за нашите одлуки, производи и услуги.

 

ПАРТНЕРСТВО – Градење на долгорочни односи со нашите клиенти, добавувачи и колеги врз основа на меѓусебна доверба.

 

АМБИЦИЈА – Да бидеме лидери на светските пазари во нашата посебна област.