Skip to content

Вентилација на продажниот простор: подобро шопинг искуство со Prihoda текстилните канали

Замислете дека сте на шопинг. Како што влегувате во просторот, се чувствувате опкружени со задушувачки, застоен воздух. Лежерната прошетка низ продавницата веќе не ви се допаѓа. Ви звучи познато?

Секој внатрешен простор бара вентилација, дури и ако тоа е само отворање на прозорецот. Продажните простори не се исклучок тука.

Добро дизајнираниот  систем за вентилација може да биде погоден за бизнис и раст на  прометот. Како? Со подобрување на задоволството на клиентите.

Како вентилацијата влијае на задоволството на клиентите во малопродажните простори

Амбиенталните компоненти на просторот, како што се температурата, бучавата, музиката во позаднина, свежиот воздух и мирисите, влијаат на шопингот. Обично, тие внимателно се совпаѓаат за да создадат одредено расположение и да ги водат клиентите низ продавницата за да ги поттикнат да купат.

Проблемот настанува кога овие амбиентални компоненти кои управуваат со шопинг искуството ќе се најдат надвор од удобните рамки за клиентите. Секој дел од амбиентот што отскокнува го привлекува вниманието на клиентот и ја „руши магијата“. На пример, ако има промаја во просторот, клиентите ќе се чувствуваат непријатно и ќе го одвлечат вниманието од купувањето. Слично на тоа ќе дејствува и бучавата генерирана од системот за вентилација. Едноставно, чувството на промаја и бучава генерирана од системите за греење и климатизација може да има лошо влијание врз продажбата.

Овие недостатоци влијаат и на вработените во продажниот простор. Се повеќе истражувања покажуваат дека создавање на подобри услови за работа во продажните простори ги прави вработените позадоволни, што пак доведува до поголема лојалност на клиентите и нивно севкупно задоволство. Високите нивоа на загадувачи во воздухот, како што се испарливите органски соединенија (VOC) и јаглеродниот диоксид, предизвикуваат пониски нивоа на продуктивност на персоналот и употреба на повеќе боледувања. Но, не страда само продуктивноста. Истражувањата покажуваат дека среќните продавачи постигнуваат 37% повеќе продажби.

Ако продавницата мора да се натпреварува на пазарот со други продавници со слична понуда, вклучувајќи ги и онлајн продавниците, не треба да се очекува да се натпреварува само во цените. Поврзувањето со клиентите ќе ја поттикне продажбата – а никој не сака да разговара со раздразлив продавач.

Во повеќето продавници, постојат неколку зони во рамките на продавницата со различни функции, како што се на пример  продажен простор, простор за наплата или соблекувални. Секоја зона бара специфични услови за вентилација во согласност со нивната функција.

Покрај тоа, некои видови на продукти може да бидат извор на загадувачи во воздухот. На пример, мебелот и другата опрема за опремување на домот се чест извор на формалдехид во воздухот во затворениот простор. За да го одржите воздухот свеж и пријатен, продавницата за мебел треба да обрне внимание на својот систем за вентилација. Исто така, ако продуктите имаат силен мирис (како што се миризливи свеќи или храна за миленичиња), добрата вентилација на просторот е од суштинско значење за одржување на здрава животна средина и обезбедување пријатно искуство за купување.

И покрај очигледната корелација помеѓу пријатната средина и зголемената продажба, системите за вентилација често не се приоритет во многу продажни места. Откако ќе се инсталира системот за HVAC, ретко редовно се одржува. Зошто е тоа така?

Водење на успешна продавница е тешка задача. Имајќи ја предвид сложеноста на секојдневните задачи и побитните интервенции за одржување, речиси е несомнено дека одржувањето на системите за HVAC често ќе биде занемарено. Често се смета дека се додека системот дува воздух, се функционира како што треба. Затоа, ретко се размислува за системот за вентилација откако ќе се инсталира, дури и ако се промени намената на просторот, а со тоа и барањата на системот за вентилација.

Како можат да помогнат Prihoda текстилните канали?

Изборот на текстилни канали и дифузери во малопродажните простори може навистина да Ви помогне да создадете пријатна и примамлива средина за вашите клиенти.

Prihoda текстилните канали се:

  • Секогаш изработени по мерка – го дизајнираме секој дифузер специјално за вашата намена. Прецизно создаваме воздушни струи кои ќе се шират со идеална брзина низ целиот простор, без разлика дали станува збор за кафуле, продажен простор или соблекувални.
  • Лесна и брза монтажа – монтажата на текстилни дифузери бара минимално време на застој во работата.
  • Лесни за одржување и чистење – нашите канали може да се перат во машина за перење на алишта на ниски температури. Со цел дополнително да го поедноставиме вашето одржување, нудиме и услуга за перење на текстилни канали.
  • Естетски привлечни – имаме девет бои во нашата постојана понуда, од кои можете да ја изберете онаа што најдобро ќе одговара на дизајнот на вашиот простор. Нудиме и услуга за печатење на каналите.

Амбиентот е суштински дел од шопинг доживувањето. Пријатно опкружување ги прави клиентите посреќни, што доведува до поголема продажба и поголем профит. Иако се чини дека системот за вентилација е секундарна ставка, тоа не мора да биде случај. Со Prihodа текстилните канали, лесно е да се обезбеди свеж воздух за продажниот простор да биде свеж и без промаја.