Skip to content

Текстилни канали и вентилација во магацини

Не е лесно да се постигне соодветна вентилација во магацините. Транспорт на големи количества воздух низ простори со значителна големина е сериозен предизвик за планирање на вентилација во магацините. Пречките како што се полиците и опремата може да го попречат протокот на воздух и да доведат до формирање на области со застарен воздух.

Решение? Prihoda текстилни канали. Нашите текстилни канали можат да работат како дифузери по целата должина и да транспортираат свеж воздух до секое место, што целосно ја олеснува вентилацијата во магацините.

 

Приспособено струење на воздух

Секој Prihoda систем е направен по нарачка и обезбедува оптимален модел на проток на воздух во просторот. Млазниците може да се користат за насочување на воздухот точно до местото каде што е потребно, дури и во случај на захтевна вентилација во магацини со високи тавани. Бидејќи се направени од истата тканина како и нашите канали, млазниците се исклучително огноотпорни и се сертифицирани според европскиот стандард EN13501-1, класа B-s1, d0.

Брза и лесна инсталација

Лесно е да се префрлите на тканина. Монтажата е многу побрза отколку кај системите со цврст материјал, што создава значителни заштеди во однос на времето и работната сила. Дури и кај големи, сложени проекти, времето на застој во работата е значително намалено бидејќи секој систем е стручно дизајниран точно да одговара на просторот и не е потребно прилагодување.

Исто така, важно е да се напомене дека тескстилните канали се значително ценовно подостапни од металните канали!